ЗА НАС

Никулец Eдукација-Дополнителна помош при совладување на целокупниот училишен материјал
    Центарот за едукација и креативност на деца и млади „Никулец Креатива“ во училишната 2016/2017 година за Вашите деца нуди:
  • Дополнителни и додатни наставни програми од: математичко, природно, општествено-хуманистичко, уметничко и јазично подрачје;
  • Подготвителна настава за екстерно тестирање;
  • Градење на самодоверба и подобрување на училишните навики;
  • Развивање на комуникациски вештини;
  • Поттикнување и откривање на талентот на ученикот;
  • Современи простории со пријатна училишна атмосфера...
  • Со помош на стручни професори учениците ги изработуваат своите домашни задачи, ги повторуваат лекциите учени во тековниот ден, работат други училишни обврски. Со тоа се оспособуваат сигурно и активно да го исполнуваат преостанатото време по наставата и секогаш да бидат подготвени за наредниот ден во училиште.
      Придобивки:
  • Подобрување на успехот во училиште;
  • Згрижување на учениците пред или после наставата;
  • Намалување и олеснување на училишните обврски на родителите кон децата;
  • Развивање на социјални, креативни вештини;
  • Континуирано учење и напредување.
  • Мисијата на Центарот за едукација и креативност на деца и млади „Никулец Креатива“ е на Вашите деца да им понуди квалитетни, современи образовни програми за стекнување различни знаења и вештини. Преку програмата учениците постигнуваат добри резултати во учењето, развиваат љубов кон сите образовни предмети, а воедно ги следат нивните инетерси, преку интерактивен, хоризонтален однос помеѓу професорот и сите ученици. Со тоа оние кои учат стануваат центар на нивниот процес на учење и учењето го доживуваат како дел од себе а не како наметнато од страна.

    Никулец Kреатива-Развивање и поттикнување на креативното истражување и мислење кај децата од 6 до 9 години
      Програма за ученици од I, II и III одд. кои учат според Кембриџ методи:
  • Креативно истражување со помош на уметноста преку природата и општеството,
  • Креативно истражување со помош на уметноста преку геометриските тела и архитектурата,
  • Креативно истражување со помош на уметноста преку музиката и творештвото.
  • Потребата за создавање на оваа програма произлезе од воведување на новата наставна програма според Кембриџ методи за учениците од I, II и III одд. Со оваа програма им овозможуваме на децата од I до III одд. преку примена на креативни техники да ги совладаат и разберат тематските содржини од нивните предмети кои ги имаат во училиште. Програмата и активностите според кои се работи е прилагодена, адаптирана според потребите, интересите и способностите на учениците, со цел на крајот од програмата, извршувањето на сите поставени задачи, да доведе до комплетни и успешни резултати.
      Поради успешно реализирање на програмата учениците ќе бидат поделени во две групи:
  • I група: I и II одд.
  • II група: III одд.
    • Ние сме училиште во кое се поттикнува, негува и почитува креативноста кај децата. Во нашето училиште:
  • Се користат креативни техники („Умствени мапи“ или „Пајаков Дијаграм“ од Тони Бузан, „Бура на идеи“ од Алекс Озборн, „Шест шешири“ од Едвард Де Боно...)
  • Процесот се вреднува повеќе од производот,
  • Се отстранува временското ограничување од активностите во кои учествуваат децата,
  • Се воспоставува слободна и отворена атмосфера а само-изразувањето се охрабрува и цени,
  • Децата се охрабруваат да ги разменуваат идеите со наставниците и помеѓу себе,
  • Натпреварувањето и конкуренцијата се настојува да се користи поретко,
  • Училишниот тим се труди да се намали стресот и анксиозноста кај децата...

  • Никулец Јуниор-Развивање и поттикнување на креативното истражување и мислење кај децата од 4 до 6 години
      Сите деца имаат потенцијал да постигнат голем дел од очекуваните стандарди во одредена возраст, со соодветна поддршка, инструкции и стимулација на развојот на раното учење. Во нашиот центар се опфатени сите основни домени во процесот на учење кај децата од 4 до 6 годишна возраст, како:
  • Физичко здравје и моторен развој,
  • Социоемоционален развој,
  • Развој на пристап кон учење,
  • Развој на јазикот, описменување и комуникација,
  • Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.