Училиште во природа
Училишта во природа или градинки во природа биле популаризирани во Скандинавија уште во 1950-тите. Оттогаш, концептот за ваков тип на едукација се шири и во други делови на светот, можеби најмногу во САД, Велика Британија, Германија и Јапонија.
Она што овие училишта го имаат заедничко е иновативниот пристап во образованието во раниот детски развој кое се базира на отворено и ја поттикнува грижата за животната средина. Децата учат преку директно искуство користејќи ги своите пет сетила во природата. Учењето се случува преку стимулирање на вродената љубопитност на секое дете и чувството на восхитеност.
Придобивките од учење во природна средина се од огромна важност за децата од предучилишна возраст. Истражувачите кои ги проучуваат училиштата во природа откриле дека децата на отворено:
ги усовршуваат своите моторни вештини,
се вклучуваат во покреативна игра,
имаат помалку конфликти,
остануваат поздрави,
учат да бидат понезависни
развиваат сочувство кон природата и дивиот свет што веројатно ќе трае цел живот.
ИГРАЈТЕ, ИСТРАЖУВАЈТЕ, ФАНТАЗИРАЈТЕ ВО ПРИРОДА СО ВАШИТЕ ДЕЦА!