Слободни игри во природа

Се сеќавате кави биле вашите детски денови? Исполнети со игра, дружење, забава. Кај баба и дедо во село, во парк, на Водно, пред зграда или пак во маало. Сте играле народна, џамија, криенка, школка, ластик, грабни стапче. Сте правеле кули од камчиња, куќички за птици, кукли од природни материјали, колички од гранчиња и камчиња.
Денес за жал детството на многу деца им минува седеејќи. Седат во градинките, седат на училиште, седат на курсеви и дополнителни активности кои како никогаш да немаат крај.
Како возрасни, имаме улога на надзорник за безбедноста на нашите деца, но треба да ги поттикнеме да го откријат светот околу нив без да се придржуваат по даден распоред или план.
Многу студии покажале дека неструктурираното време на играње на отворено е од корист за менталниот и физичкиот развој кај децата.
Тие треба да имаат минимум 60 минути активност на отворено на ден. Секогаш кога ќе им е здодевно, излезете надвор и поттикнете ја имагинацијата на вашето дете.
Слободната игра нуди можност децата да пробаат нови ситуации кои можеби постоеле само во нивните главчиња. Во природната средина има толку многу можности за да се создадат магични светови и сценарија. Како надзорник на детето, можеби ќе ви биде тешко да се спротиставите кога гледате дека превзема физички ризици за време на слободната игра. Додека не е во екстремна опасност, обидете се да му дозволите да ги истражува сопствените ограничувања. Модринките на нозете и изгребаните лакти се битните лузни за истражување на светот околу нив. Детето постепено ќе ги научи своите ограничувања преку серија незгоди и грешки. Додека ги учат своите сопствени ограничувања, тие можат да препознаат како да постават граници и кога да кажат не, на ситуации што им се непријатни.
Учењето заедно со другите деца за сопствените физички и ментални ограничувања може да биде важна социјална вештина. Има многу можности за фрустрација, агресија, страв и разни други емоции при обидот за нови работи.
Кога ги развиваат своите социјални норми, децата веднаш се делат на деца лидери и деца помагачи. Тие дознаваат како е да се биде дел од заедница и како да придонесат за групата. Ако детето има водечки способности, тогаш стекнува можност да дознае како најдобро да комуницира со другите деца и какво е чувството да се доживее неуспех. Ако детето е помагач во групата, тогаш тоа учи како да помогне во групата и како да го искаже своето мислење кога смета дека идејата не е добра и оди во погрешна насока. Најдоброто нешто кај децата е тоа што имаат многу мал филтер во комуникација со другите деца. Слободното време за игра го развива тој филтер кој е потребен за стабилна комуникација додека растат и созреваат во возрасни личности.
ПОТТИКНУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА ДА ПОМИНУВААТ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ВО ПРИРОДНА СРЕДИНА!