#СЕДИДОМА ПРЕДИЗВИК БР.2

2020-04-05

Ана ги сака животните и се грижи за нив. Дома си чува куче, зајак и риби. Веднаш штом ќе види некое животинче се насмевнува и посакува да го допре, да си поигра со него. Често знае да отиде во нејзината соба и да ги разгледува енциклопедиите со животни. Овој пат додека ја разгледуваше енциклопедијата за птици виде една необична птица. Таа има голем клун, долги нозе, голем раст што и беше малку чудно. Толку голема птица досега нема видено. Сигурно е некоја птица од праисторијата – си помисли. Затоа сакаше да открие многу повеќе…

Таа ви го праќа видеото и ве предизвикува да открите голем број на податоци за оваа птица.

Balaeniceps rex

Користете интернет, енциклопедии, книги, списанија од кои можете да пронајдете голем број на информации за оваа птица. Запишете/нацртајте ги, сликнете ги, а потоа испратете ни ги.

Бидете креативни, поттикнувајте ја креативноста!

Уживајте во предизвикот!

Клучни зборчиња: ,