Рубикова коцка

2018-02-19

Иако Рубиковата коцка беше најпопуларна во 80-тите години на минатиот век сепак и денес коцката сѐ уште е доста позната и употребувана. Нејзините приврзаници продолжуваат да вежбаат и да се обидуваат да рушат рекорди. Рубиковата коцка е добар начин за забава и истовремено за подобрување на логиката. Интересно е нејзиното огромно влијание кое успеало да засегне многу животи и да биде тема во многу разговори и различни радија, телевизиски емисии како и во многу списанија.

Рубиковата коцка е измислена од унгарскиот професор и скулптор Ерно Рубик во 1974 година. Кога тој ја создал коцката користејќи принципи на 3D планирање знаел дека создал интересна сложувалка, но не очекувал дека ќе стане толку позната.

Коцката долго време била позната како Магична коцка, но подоцна нејзиното име било сменето според Ерно Рубик како Рубикова коцка. Продавницата за играчки во Будимпешта започнале да ја продаваат коцката за време на Божиќните и Новогодишните празници и за кратко време се распродале сите. Не многу подоцна, коцката започнала да се продава и во странство.

Еве неколку интересни факти за Рубиковата коцка:

  1. Фудбалски натпревар во Конектикат бил одложен бидејќи недостасувал играч кој бил најден во соблекувалната местејќи ја коцката.
  2. Двајца патници го следеле Роберт Кол додека ја составувал коцката, се качиле на неговиот воз и дури по 15 минути едниот од нив сфатил дека е на погрешниот воз.
  3. Некој човек запишал дека коцката му помогнала да се вклопи меѓу луѓето. Во минатото поради голема посветеност кон математиката бил третиран како аутсајдер, но со популарноста на коцката бил баран за совети.
  4. Рекорд во решавање на Рубиковата коцка постигнал Џеф Херис, кој ја решил за само 7 секунди.

Клучни зборчиња: ,