Поларна светлина – аурора

2016-11-21

Уште од многу одамна, луѓето раскажувале приказни и легенди за да ги објаснат мистериозните природни појави и феномени. Една од тие појави е поларната светлина наречена аурора. Викинзите верувале дека оваа светлина доаѓа од блескавите штитови на бесмртните воини. Инуитите од Алјаска верувале дека тоа се душите на лососите, елените и другите животни. Индијанците пак верувале дека тоа се факели на џинови кои живеат на Северот.

Поларната светлина, аурора е всушност светлина која се добива од електроните на соларните ветрови. Тие се привлечени кон половите од магнетните полиња кои се наоѓаат таму. Тие се мешаат со гасови во атмосферата и така ја добиваат таа неверојатна светлина.

Овие феномени обично се видливи на Северниот и Јужниот пол. На Северниот пол овој ефект е познат како aurora borealis (или северна светлина), именувана по Аурора, римската божица на зората и грчкото име за северен ветер, Бореј. Нејзината јужна двојничка, aurora australis (или јужна светлина), има слични својства и е видлива во јужните географски широчини на Антарктикот, Јужна Америка и Австралија.

Поларната светлина, аурора бореалис видена од вселената.

oval

Северната светлина, аурора бореалис има неколку бои, црвена виолетова, сина и зелена.

Поларна светлина, научниците забележале и на другите планети. Тие се повидливи поблиску до магнетните полови на планетите поради подолгите периоди на темнина и магнетното поле.

Погледнете го ова магично видео.