Неверојатно! Откриени се 7 нови планети!

2017-02-26

Вселенскиот телескоп Спицер на НАСА откри седум нови планети кои орбитираат околу една ѕвезда.

Планетите е наоѓаат во орбитата на соѕвездието Трапист 1. Соларниот систем TRAPPIST-1 се наоѓа на околу 40 светлосни години од Земјата, а во неговиот центар се наоѓа црвена ѕвезда слична на нашето Сонце, иако значително помала, со поладна температура која изнесува околу 2.500 Целзиусови степени. Поради оваа температура која е помала од температурата на нашето Сонце, голема е веројатноста на повеќе планети да има живот. Дури и на оние  кои се поблиску до ова Сонце.

Планетите се исто така многу блиску едни до други. Доколку еден човек стои на една планета, може да ја види другата соседна планета со сите нејзини геолошки својства, како океани, мориња и земја.

Три од овие планети се наоѓаат во зоната во која би требало да има живот, односно тоа е областа околу ѕвездата во која планетите се каменести и би требало да има на нив течна вода.

Ова е досега најважно откритие за пронајдок на нови планети налик на нашата Земја. Дали мислите дека можеби има некои луѓе налик на нас кои живеат на други планети и чекаат некој да ги открие? Или пак можеби и тие трагаат по нови планети и нов живот?

Клучни зборчиња: , ,