Неверојатни факти за бубамарите

Набљудувајте ги бубамарите во школскиот двор или во паркот, но претходно прочитајте ги овие неверојатни факти и научете нешто повеќе за нив!
- Постојат 4300 видови на бубамари во светот.
- Женката бубамара може да изеде дневно и до 75 растителни вошки.
- Бубамарите мирисаат со своите нозе и антени.
- Бубамарите џвакаат од лево на десно, а не како нас луѓето нагоре и надоле.
- Како бубамарата старее така бојата на нејзините точки бледее.
- Бубамарите се најактвни кога нивната телесна температура е над 24 степени целзиусови.
- Убавата црвена боја на бубамарите служи за да им покаже на птиците дека не е вкусна за јадење.
- Кога бубамарата лета, крилата и замавнуваат 85 пати во секунда.
- Женките бубамари се поголеми од мажјаците.
- Кога некој ќе ги нападне тие се преправаат дека се мртви.