Најдобрата детска градинка во светот Фуџи, Токио Јапонија

Фуџи детската градинка во Токио е градинка која им нуди на децата магичен простор за играње и учење. Градинката е дизајнирана од архитектонското студио Тезука. Има овална форма и рамен кров кој претставува место за играње,а исто така има и дупки низ кои излегуваат дрвја кои поминуваат низ училниците.
Детската градинка е дизајнирана во форма на круг и со тоа има бесконечна циркулација. Границата помеѓу внатрешноста и надворшноста скоро и да ја нема. Целиот концепт всушност претставува поврзување на внатре и надвор, односно поврзување на децата со природата. Нов интересен и необичен момент во оваа градинка е и тоа што внатрешни ѕидови не постојат. Архитектите сметале дека децата се чувствуваат поопуштени ако се наоѓаат во отворен простор во кој што има бука. Доколку би се наоѓале во тивок простор тогаш би станале нервозни.
Во градинката поставени се многу интересни реквизити со кои децта можат да си играат. Поставени се лизгалки, мрежи за лулање, јажиња. Многу интересен дел се дрвјата кои се пробиваат низ градинката. Тоа се веќе постоечки дрвја околу кои се градел објектот. На секое дете му претставува предизвик да се качува на дрво, затоа тие се многу важен дел од игрите на децата. На кровот се поставени прозори кои им будат на децата љубопитност, да гледаат што се случува внатре во градинката. Мебелот во градинката е така направен за да можат сите да си играат заедно. Во градинката има 600 дрвени коцки кои служат за играње но имаат и други функции. Во секоја училна има мијалник со вода за деца, која ги собира заедно да си играат.