ЛЕТНИ ЧУДЕСНИ АВАНТУРИ СО НИКУЛЕЦ

2020-06-16

ЛЕТЕН КУРС ЗА РАЗВИВАЊЕ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА КРЕАТИВНОТО МИСЛЕЊЕ И ИСТРАЖУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА

 

Драги родители,

Здружението на граѓани за едукација и креативност на деца и млади НИКУЛЕЦ КРЕАТИВА, седма година по ред им овозможува на децата забавно да го поминат летниот распуст. На тој начин тие се дружат, играат и учат со многу дечиња од целиот град.

Ова лето за вашите деца создадовме програма исполнета со многубројни „чудесни“ авантури. „Чудесните авантури“ преку креативни игри и прераскажување ги носат децата во светот на бајките, каде децата можат да ја користат својата фантазија и имагинација, да решаваат загатки и да уживаат во авантурите што ни ги нуди  реалниот живот.

Целта на проектот „ЛЕТНИ ЧУДЕСНИ АВАНТУРИ СО НИКУЛЕЦ“ на нашето здружение Никулец Креатива е да го поттикне физичкиот, интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот развој кај децата, така што тие ќе заземат конструктивно место во нивното опкружување.

Овој проект го создадовме инспирирајќи се од повеќе извори на знаење, вклучувајќи познати уметници и научници, како што се Монтесори, Валдорф, извидничкото движење, PBL, Gardner Intelligences и други. Овие теории и фасцинантни луѓе ја осветлуваат нашата креативност и претходните искуства и не поттикнуваат да создаваме нови животни авантури. Од секои од нив избравме специфични методи, филозофии и техники  кои веруваме дека ќе им помогнат на нашите деца да создааваат здрави меѓусебни односи, и поисполнет живот.

 

Накратко за програмата,

Секоја недела низ игра ќе патуваме на различни локации, а истовремено ќе совладуваме и учиме различни вештини. Децата понекогаш ќе добиваат тајни мисии и специјални пораки, во свитоци или тегли, кои од нив ќе бараат да се стават во различна улога, да истражуваат непознати места, да се соочат со разновидни креативни предизвици, да комуницираат меѓусебе, да покажат грижа еден за друг, и да ја разбудат својата имагинација.   

Последниот ден од работната недела, петок, ќе ни биде посветен на мапирање 3Д остров, (3-димензионална табла во форма на остров) каде што ќе ги претстават своите размислувања, поврзаности и исклучувања на искуството што го доживеале во текот на авантурите. Тоа ќе им помогне на децата да се видат себеси одозгора, култивирајќи ги самосознанијата и системот на размислување. Овој вид на мапирање 3Д острови, исто така, создава заедничка нишка низ искуствата за учење кои се понудени во програмата по завршувањето на задачата. Ова им дава можност на децата да разговараат за тоа што се случило, кои биле клучните пресвртници и како тоа го доживеале.

Секоја авантура ќе биде прикажана во така наречената Книга на авантури која ги повикува децата поврзувајќи се со своите внатрешни чувства, користејќи имагинација и фантазија на креативен и забавен начин да го решат предизвикот.

Книгата на учењето е важен дел од сложувалката во програмата на  Никулец Креатива. Тоа е забавна книга каде што децата наоѓаат активности и задачи, кои ги прикажуваат искуствата кои децата ги доживеале во Чудесните авантури,  и им помагаат да ги интегрираат и прошират знаењата кои ги стекнале. Исто така, таа е прекрасна алатка односно портфолио за секое дете, и ни помага да го следиме напредокот во нивното учење.

Овие алатки ќе помогнат да се создаде низа низ искуствата за учење, обезбедување континуитет и чувство за патување до осмислената програма. 

 

Локација,

Поради новонастанатата состојба со вирусот КОВИД-19 дејствието на приказните ќе се одвива во Градскиот Парк.

 

Наслови на игрите (приказните),

I недела – Никулски олимписки игри

II недела – Никулски камп

III недела – Познатиот никулски готвач

IV недела – Никулските авантури низ чудесната Македонија

V недела – Напуштениот остров

VI недела – Никулските детективи шпиони

VII недела – Кралицата на годишните времиња и танцот на природата

VIII недела – Разиграната река

IX недела – Никулскиот рок бенд се подготвува за турнеја

X недела – Сонот за Вселената

XI недела – Никулски научници

XII недела – Авантурите во пустината

 

Цена и начин на плаќање,

Месечната членарина за летниот курс изнесува 13.800 денари

Цената за посета на една седмица за летниот курс за едно дете е 3.800 денари

Еднодневна посета за летниот курс изнесува 1.000 денари 

За деца од исто семејство следува попуст од 10%

Плаќањето се врши според даден пример на уплатница која ја има во апликацијата.

Во цената се вклучени две ужинки, потребни материјали за реализација на активностите.

 

Пријавување на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScrGWBWhzi6rqPCBBacu_WnDLeYH_443asO20-tnBFM9Fwp2w/viewform?vc=0&c=0&w=1