Која е најголемата пеперутка во светот?
Кралицата Александра Птицата(The Queen Alexandra Birdwing) е најголемата пеперутка на светот со распон на крилата кој достигнува до 30 см. Овој редок вид на пеперутка може да се најде само во Папуа, Нова Гвинеја.
Женките кои имаат чоколадна кафена боја имаат распон на крилата од 28 до 31 см. Мажјаците се помали и имаат распон на крилата од 17 до 19 см., но тие се многу пошарени од женките. Имаат прекрасни бои на крилата, од тиркизно сина, светло зелена и жолта.
На овој вид на пеперутка потребно и е еден месец за да излезе од кожурецот и да се претвори во прекрасна пеперутка. Потоа овие пеперутки живеат околу три месеци, што е прилично многу кога би ги споредиле со обичните пеперутки кои живеат само еден месец.
Во текот на својот живот овие пеперутки полагаат само 28 јајца. Поради малата количина на полагање јајца и големата катастрофа која се случила во 1951 година, ерупцијата на вулканот Ламингтон со која се уништиле голем дел од местата населени од овие пеперутки овој вид е прогласен за загрозен вид на пеперутки.
Додека се во вид на гасеници, тие се хранат со листовите на едно отровно растение, наречено Пипевин(Pipevine). Поради тоа некои научници сметаат дека пеперутките кога ќе излезат од кожурецот стануваат отровни за нивните предатори.
После нивното откривање во 1907 година од страна на научникот Волтер Ротшилд(Walter Rothschild) го добиваат името според кралицата Александра, жената на кралот Едвард Седми.