Кој стои позади гласовите на ликовите од Барајќи ја Дори?

Анимираниот филм “Барајќи ја Дори” ја покажува авантурата на рибата Дори и нејзините пријатели. Рибата Дори со своето добро срце, но лошо памтење тргнува во потрага по своите родители. Во таа потрага запознава многу интересни пријателчиња. Погледнете кој стои позади гласовите на ликовите од анимираниот филм “Барајќи ја Дори”.
Октоподот Хенк – актерот Ед Онил
Китот Бејли – актерот Тај Бурел
Чарли и Џени – Јуџин Леви и Дајан Китон
Рудер и Флук – Доминик Вест и Идрис Елба
Китот Дестени – актерката Кејтлин Остин
Ражата Господин Реј – актерот Боб Петерсон
Немо – младиот актер Хајден Роленс
Марлин – актерот Алберт Брукс
Желката Краш – актерот Ендру Статон
Дори – водителката и актерка Елен Деџенерс
Погледнете го анимираниот филм и уживајте во авантурата на Дори и нејзините пријатели!