Кој стои позади гласовите на Елса и Ана од Фрозен?
Добро познатиот анимиран филм Фрозен стана најпопуларниот филм меѓу децата. Принцезите Елса и Ана станаа ликови во кои секое дете се пронаоѓа. Песната Let it Go беше наградувана со Оскар и Греми награди. Но дали знаете кој стои позади гласовите на принцезите Елса и Ана?
Идина Мензел е актерката кој стои позади гласот на Елса. Родена на 30ти Мај 1971 година во Њу Јорк, Соединетите Американски Држави. Таа е американска пеачка и актерка која е одликувана со многу награди.
Позади гласот на Ана стои актерката Кирстен Бел. Таа истотака е американска пеачка и актерка. Родена е на 18 ти Јули 1980 година во Мичиген, Соединетите Американски Држави.