Кој пол е постуден? Јужниот или Северниот пол?

Каде е многу студено,а каде е многу, многу студено? На Јужниот пол или на Северниот пол?
И двата Земјини пола, Северниот пол (Арктикот) и Јужниот пол (Антарктикот) се многу студени поради тоа што не добиваат директна светлина од Сонцето. Сонцето е секогаш поставено ниско на хоризонтот дури и во лето. Во зима Сонцето е толку ниско под хоризонтот, што не излегува цели четири месеци. Тогаш деновите се исти како ноќите, темни и студени.
Иако и двата Земјини пола добиваат иста количина на светлина од Сонцето, сепак едниот пол е поладен од другиот. Што мислите зошто е тоа така?
Северниот пол или Арктикот е океан опколен со копно, а Јужниот пол или Антарктикот е копно поколено со океан.
Океанот под Арктичкиот мраз е ладен, но е сепак потопол од мразот. Па така океанот помалку го стоплува воздух.
Антарктикот пак е сув и висок и има планини. Под мразот и снегот е земја. Просечната надморска височина на Антарктикот е 2300м., и како се движиш погоре така станува постудено. Па така Антарктикот или Јужниот пол е поладен од Арктикот или Северниот пол.
Лошата вест е тоа што Арктикот се топи се повеќе и повеќе. Тоа се случува поради тоа што океанот под него станува се потопол. А океанот станува потопол поради тоа што климата на Земјата се стоплува.