Кој ја измислил пицата?

Ммммм…. Дали ви мириса на нешто вкусно? Тукушто извадена од фурна, пита која испарува и чека да биде проголтана. Твоите сетила се обземени од мирисот на топлото тесто, топено сирење, доматен сос кој сеуште се крчка, лукче и пиперчиња. Дали сте спремни да дознаете нешто повеќе за едно од највуксните јадења во светот? Што мислите за што се работи? Па секако, пица!
Некои деца сакаат зеленчук, некои пак не. Некои сакаат морска храна, некои пак сметаат дека рибите треба да се вратат од таму каде што дошле. Некои обожаваат овошје, а други пак хамбургер. Но единственото за кое што може сите деца да се сложат, е дека пицата е највкусна!
Па тогаш, кој ја има таа заслуга за пронаоѓање на оваа прекрасна храна? Ние често ја поврзуваме пицата со Италија. Но дали мислите дека некој од таму ја има измислено или пак од друг дел од светот? Како и на сите историски прашања, така и на ова постојат многу одговори.
Во далечното минато старите Египјани и Вавилонци правеле нешто слично како денешната пица. Тие печеле тенко тесто во земјени фурни и го јаделе како леб. Античките Грци пак на тенкото тесто посипувале маслиново масло и зачини.
Денешната пица, онаква каква денес ја јадеме сепак ни доаѓа од Италија. Пекарот Рафаел Еспосито кој живеел во Неапол, се спомнува во историјата како првиот човек кој ја направил пицата. Во тоа време пицата ја продавале улични продавачи и била наменета за сиромашните работници од Неапол.
Легендата вели дека за време на престојот во Неапол во 1889 година, италијанскиот крал Умерто Први и кралицата Маргарита го повикале Еспосито за да им го подготви неговиот специјалитет – пицата. Пицата која што тогаш ја подготвил, со свежи домати, моцарела сирење и босилок, од тогаш па до денес се нарекува пица Маргарита, по името на кралицата.
Пицата почнала да се шири по светот преку италијанските мигранти. Меѓутоа својата популарност ја добила после Втората Светска Војна, кога војниците почнале да ја конзумираат масовно во своите родни места.
Денес пицата е најпопуларното јадење во светот, секако и кај нас. После овој текст сигурни сме дека веќе ви се пријаде пица…