Кој го измислил Мики Маус?

2016-12-18

Дали знаете кој го измислил најпознатиот глушец на светот Мики Маус?

Волт Дизни е човекот кој што го измислил Мики Маус!

Тој бил роден во Америка и уште како дете многу сакал да црта и да прави цртани филмови, па затоа студирал ликовна уметност. Тој бил филмски продуцент, режисер, аниматор и гласовен актер. Дизни е особено познат по тоа што бил филмски продуцент и популарен шоумен, како и иноватор во анимацијата и дизајнот на тематските паркови. Дизниланд е тематски парк кој што тој самиот го осмислил и го изградил во Калифорнија, Америка во 1955 година.

Интересна приказна стои позади тоа како тој го измислил Мики Маус. Тој имал глувци за миленичиња кога бил дете. Исто така во студиото каде што работел имало многу глувци кои се собирале околу кантите за ѓубре. Па така Волт и неговите пријатели си рекле зошто да не направат смешен глушец карактер.

Првиот краток цртан филм на Волт Дизни се вика “Парабродот Вили” и во него се појавува Мики Маус. Тој е еден од најпрепознатливите цртани ликови во светот и е маскота на компанијата Волт Дизни. Ова е и неговиот прв цртан филм кој има звук. Подоцна се појавува и во првиот цртан филм во боја “Концертот на бендот”.