Кој го измислил Леталото-Змај?

Никој не знае за сигурно од каде точно потекнува змајот, но поради тоа што кинезите имаат записи во кои го споменуваат леталото- змај, се претпоставува дека е измислено во Кина.
Една популарна кинеска легенда зборува за тоа како многу одамна постоел некој фармер кој што си ја врзувал капата со јаже за главата, за да не му летне од ветерот. Еден ден толку далеку му летнала капата, така што морал да ја држи за јажето. И така легендата вели дека се родило леталото-змај. Во кинеските записи исто така пишува дека филозофот Мо-Це бил тој што го изградил првото летало-змај. Тој живеел 468 година п.н.е до 376 година п.н.е. Се верува дека тој направил летало-змај во вид на птица кое го правел 3 години, а го летал само еден ден. Така што можеме да кажеме дека првото летало- змај е направено пред 2300 години. Од Азија, Марко Поло го донел леталото во Европа. Денес многу, луѓе млади и стари го користат леталото за забава, но тоа имало и други намени. На пример во Древна Кина го пуштале леталото за да проценат колкав тунел им треба да направат на војнците за да го нападнат непријателот. Исто така научниците го користеле за експерименти. Александар Вилсон го користел леталото за мерење на температурата во атмосферата, односно ставил термометар на леталото и го пуштал во воздухот. Научникот Бен Франклин го корител леталото така што ставил метален клуч за да го проучи громот за време на бура.
Денес тие најчесто се користат како забава за децата, а и фотографите ги користат за да сликаат фотографии од птичја перспектива.