Кој ги измислил домашните задачи?

2016-11-29

Кога се мачите да ја решите математичката задача која ви ја дала наставничата за домашна задача, сигурно си помислувате, кој ли е тој што ги измислил домашните задачи. Пишувањето домашни задачи претставува тешкотија скоро за секој ученик, но тие се многу важен дел од едукацијата на децата. Затоа се прашуваме кој ли е тој кој што ги измислил домашните задачи?

Роберто Невилис е човекот за кој се верува дека ги измислил домашните задачи. Тој бил наставник во школо во Венеција, Италија во 1095 година. Тој ја користел домашната задача како казна за немирните ученици. Меѓутоа возможно е домашната задача да ја измилиле многу порано, можеби во Античка Грција, Антички Рим, или уште пред тоа време.

Јан Амос Коменски – таткото на модерното образование, претставил многу нови и ефективни методи на учење кај децата. Од тогаш домашната задача станала составен дел од животот на учениците. Можеби тој е “кривецот” кој што го барате.

Но домашната задача не била секогаш толку обемна како денес. Од 1990 година па натака домашните задачи се повеќе се зголемувале. Според одредени статистики количината на домашни задачи кои се задаваат денес се процентуално многу поголеми отколку во 1980 година.

Дали можеме да научиме и без домашни задачи? Дали е доволно само учењето на училиште? Некои држави, на пример Финска воведува нови методи на учење, без домашни задачи. Сепак домашните задачи и повторувањето на материјалот дома даваат големи резултати на училиште. Затоа со решавање на задача или учење на нова лекција вие станувате попаметни и добивате поголемо искуство со секоја нова задача која ја исполнувате. Ако сакате нови, поинтересни задачи, задачи кои можете да ги научите преку игра знаете каде да се обратите. Нашиот веб портал Никулец Едукација може да ви го направи учењето полесно и поинтересно.