Кој е најголемиот пајак на светот?

2016-08-29

Најголемиот пајак на светот

Најголемиот пајак на светот живее во Јужна Америка и се нарекува Голијат Тарантула. Спаѓа во фамилијата тарантули, а исто така го нарекуваат и јадач на птици. Тоа име го добил поради тоа што се верува дека ги јадат најмалите птици на светот, колибрите.

Тој се смета дека е најголем во светот заради својата тежина. Според должината на своите пипци тој е втор најголем пајак во светот. Должината на пипците му е 28 цм., а тежи до 175 грама.

Живее во дождовните шуми на Амазон, во Нова Гвинеја, Бразил, Гвајана и Венецуела.  Најчесто може да се најде на мочурливи места, сместен во длабоки дупки. Тој е исто така дел од традиционалната кујна на тамошнотот население. Го спремаат на тој начин што прво ги горат неговите влакненца па потоа го печат на листови од банана.

За разлика од другите пајаци, за време на парење женката не го јаде мажјакот. Мажјаците живеат од 3 до 6 години, а женките можат да живеат и до 25 години.  Овие пајаци во природата се забележани како јадат глувци, жаби, гуштери па дури и змии.

За одбрана Голијат пајакот ги користи влакненцата кој ги има по целото тело, но исто така како и секоја тарантула има заби кои во себе содржат отров. Отровот не е опасен по живот за луѓето.