Кој е најголемиот гуштер во светот?

2016-08-22

Комдо змејот е најголемиот гуштер на светот кој живее на островот Комодо и на неколку други острови во Индонезија. Прв пат бил откриен во 1910 година од холандски истражувач.

Комодо змејот може да порасне и до максимум должина од 3 метри,а тежина до 70 киглограми. Поради својата големина тој владее во екосистемот во кој што живее и се храни со птици и мамали. Се тврди дека неговиот загризок е отровен, односно во долниот дел од вилицата има две жлезди кои ги лачат тие отрови. Со помош на стратегии и заседи ја ловат својата храна. Тие ги означуваат своите територии и ги бранат од натрапници. Живеат во јами со длабочина од 9 метри кои сами ги копаат.

Тие спаѓаат во загрозени видови на животни и нивен лов е строго забранет.