Интересни факти за Дедо Мраз

Остана уште малку време до доаѓањето на Дедо Мраз во вашиот дом. Но дали доволно го познавате Дедо Мраз? Каде тој живее и колку години има?
Тој е многу мистериозен човек и никој не знае точно за него и за тоа како успева да стигне насекаде само за една ноќ. Еве интересни факти кои можеби некои ги знаете, а некои не.
- Дедо Мраз е познат и под други имиња, како на пример, Св. Никола, Божиќен татко или Крис Крингл.
- Дали знаете дека Дедо Мраз има листи и ги проверува два пати? Има една листа за момчиња и една за девојчиња. Тој ги користи овие листи за да види кој бил добар оваа година, а кој бил лош.
- Никој не знае точно каде живее Дедо Мраз, но се верува дека живее на Северниот пол. Тоа е место кое е тешко достапно и е совршено за никој да не го најде.
- Заедно со Дедо Мраз живее и Баба Мразица и неговите џуџиња кои му помагаат во правењето на подароците.
- Многу луѓе веруваат дека тој се родил во 270 та година, што го прави да е 1000 години стар.
- Во 1823 година некој човек кој тврдел дека го запознал Дедо Мраз напишал песна за него и за тоа како тој изгледа. Тој го претставил како старо џуџе облечено во црвено, со црвени обравчиња и голем стомак кој му се тресе кога ќе се насмее.
- Се верува дека џуџињата на Дедо Мраз се многу вредни и прават играчки за момчиња и за девојчиња преку целата година.
- Има многу теории за тоа како Дедо Мраз успева да ги донесе сите подароци само во една ноќ. Многу веруваат дека временската разлика му помага за од прилика два дена да ги донесе сите подароци на сите деца во светот.
- Некои веруваат дека Дедо Мраз има моќ да го контролира времето. Тој може да го сопре времето за да ги достави сите подароци во една ноќ.
- Според некои очевидци тој се движи со магична санка и елени кои ја влечат санката.
- Сите елени не можат да летаат, туку само оние кои се испрскани со магичната прашина.
- Дедо Мраз многу сака да јаде колачиња и да пие млеко. Затоа оставете му нешто благо затоа што сигурно ќе биде многу гладен и жеден од патувањето.