ГРАДАТ САМОДОВЕРБА И ОТПОРНОСТ
Надворешната средина овозможува многу можности на децата физички да се предизвикуваат, ако тие самите сакаат. Овие „предизвици по избор“ можат да бидат искачување по дрва, движење по камења или едноставно скокање на јаже. Секој пат кога децата ќе совладаат вакви самодадени предизвици, тие добиваат чувство на успех и со тоа расте нивната самодоверба. При обидот да ги совладаат предизвиците децата градат отпорност и учат како да станат и пробаат пак, ако веднаш не успеат да го совладаат предизвикот. Децата учат дека упорноста и трудот носи до развој и подобрување, а овој позитивен начин на живеење ќе им помогне во понатамошниот раст и развој.