Дознајте повеќе за хироглифското писмо

2016-08-24

Хироглифско писмо

Хироглифското писмо било едно од најмистериозните писма за откривање. Иако хироглифите доаѓаат од Египет,  зборот хироглифи доаѓа од грчкиот збор ‘Hiero’ што значи свето и ‘glyphics’ што значи пишување, односно заедно би значело свето пишување. Хироглифското писмо се состои од симболи и слики и содржи вкупно 700.

Какво значење имаат овие слики и симболи?

Хироглифите можат да бидат слики од луѓе, животни, предмети кои се употребуваат во секојдневниот живот или симболи. Некои се лесни за препознавање, но некои се збунувачки и невозможни. Своето значење, повеќето од нив го изразуваат преку животното или предметот кој го означуваат, но најчесто и преку звукот кој стои позади нив. Можат да се забележат слики од животни како лав, змија, був, птица и орел, но и делови од телото на човекот како рака, нога,уста, дланка. Исто така претставени се и предмети, како различни садови и накит.

Научете како да го испишете вашето име со хироглифи и забавувајте се!