Дали знаете кои се Инуитите и каде живеат?

2016-12-09

Луѓето Инуити живеат далеку на север на Алјаска, Гренланд, Сибир и Канада. Тие потекнуваат од регионите на Алјаска, но со текот на годините мигрирале и по другите континенти. Европејците ги нарекуваат Инуитите, Ескими стотици години наназад. Тие имаат различни имиња за себе. Во Канада и Гренланд тие префираат да бидат викани Инуити, а во Алјаска се нарекуваат Ескими. Нивните животи се под огромно влијание од студената клима и тундра во која живеат. Тундра е непошумена, рамна или со брановидна конфигурација почва, која се протега над појасот на тајгата во поларните региони, позната како „арктичка тундра“.

Во какви домови живеат Инуитите?

Типичните материјали од кој што се прават домовите како дрво или кал се многу тешки да се најдат во артичката тундра. Но затоа пак имаат мнооогу снег и мраз. Па така тие за зимата, си прават топли домови од снег и мраз кои се нарекуваат игло. За време на летото ги прават своите домови од животинска кожа растегната на дрвена рамка или коска од кит.

Како се облекуваат?

На Инуитите им е потребна дебела и топла облека за да ја преживеат студената зима. Тие користат животинска кожа и крзно за да се стоплат. Тие изработуваат блузи, панталони, јакни, капи и чизми од кожа од елени и фоки. Тие ја обложуваат облеката со крзно од бела мечка, зајаци и лисици.

Што јадат Инуитите?

Инуитите немаат услови да прават фарми и да растат растенија во тундрата. Тие најмногу се хранат со месо од животните што ги ловат. За лов на фоки и китови користат харпун како оружје. Исто така јадат многу риба и диви плодови.

Каков е нивниот транспорт?

И покрај лошите услови Инуитите наоѓаат начини како да патуваат низ Арктикот. Тие патуваат и на долги релации. На земја и мраз користат санки кои што ги влечат кучиња. Инуитите ги парат волците со кучињата и така добиваат силни кучиња за влечење санки. Овие кучиња се наречени хаски. Санките се направени од коски од кит и дрво. Во вода користат бродови за транспорт. За ловење користат мали бродчиња кајаци, а за транспорт на луѓе, кучиња и стоки користат поголеми бродови.

Клучни зборчиња: , , ,