Дали знаете како се создаваат громови?
Што е тоа грмотевица?
Грмотевица е бура со громови и молњи. Се создава во облакот кумулонимбус и најчесто е проследена со големи ветрови, пороен дожд и град.
Што е тоа кумулонимбус?
Кумулонимбусот е облак кој се протега вертикално до големи височини и ретко може да се задржи подолго од еден час. Најчесто сета влага која ја има во себе ја истура на површината за многу кратко време во вид на пороен дожд.
Што ја предизвикува грмотевицата?
Основните состојки за да се создаде грмотевица се влага и нестабилна воздушна маса. Влагата е потребна за да се создадат облаци и дожд. Исто така потребен е и топол воздух кој може да ја дигне температурата многу брзо.
Кога најчесто се создаваат грмотевиците?
Грмотевиците можат да се создадат во секое време, но најчесто ги има во пролет и лето, во попладневните и вечерни часови.
Колку грмотевици се создаваат секој ден?
Просечно во еден ден во целиот свет се создаваат околу 1800 грмотевици.
Дали грмотевиците се опасни?
Да, грмотевиците се опасни затоа што создаваат молњи кои годишно убиваат многу чуѓе.
Што е тоа молња?
Молња е светлина создадена од електричен полнеж. Горе во облаците има честички од дожд и снег кои се движат во воздухот. Кога овие честички ќе се судрат тие создаваат електричен полнеж. Тие електрични полнежи обично се создаваат само во облаците, но некогаш паѓаат и на земјата.
Што е тоа гром?
Громот се создава од молњата. Кога молњата патува од облакот до земјата, во облакот се создава дупка или канал. Откако молњата ќе ја снема дупката во облакот пак се враќа во првобитната состојба и тогаш се создава звучен бран – татнеж односно гром. Причината поради која прво ја гледаме молњата, а потоа го слушаме громот е поради тоа што светлината патува побрзо од звукот.