Дали училиштата ја убиваат креативноста?
Кенет Робинсон, Sir Kenneth Robinson (роден на 4-ти март 1950) е британски автор, меѓународен советник за образование во уметноста на британската владата и говорник за развој на креативноста и иновативноста во образованието. Потекнува од Ливерпул, а сега живее во Лос Анџелес со своето семејство.
Идеи на Робинсон за развој на образованието.
Според Робинсон за да се образуваш и да успеш, образованието мора да се развие на три фронта.
Прво, во образовниот систем треба да се поттикне разновидноста, нудејќи широка програма со која ќе ја поттикне индивидуализацијата во процесот на учење;
Второ, образовниот систем треба да ја поттикне љубопитноста преку креативната настава, што зависи од обуката на наставниот кадар со висок квалитет и развој;
Трето, образовниот систем треба да се фокусира на будење на креативноста преку алтернативни дидактички процеси на кои ќе се стави помалку акцент на стандардизирани тестови, со тоа давајќи одговорност за дефинирање на курс на обука за училиштата и наставниците.
Тој смета дека голем дел од овој систем на образование поттикнува сообразност, усогласување и стандардизација наместо креативни пристапи кон учењето. Робинсон нагласува дека ние може да успееме само ако признаеме дека образованието е органски систем, а не механички. Успешна училишна администрација е важна за поттикнување на корисна клима, наместо “команда и контрола”.
Погледнете го ова интересно видео!