Дали сте знаеле дека постојат розови делфини?

2016-11-12

Да, постојат и розови делфини на нашата прекрасна планета. Се нарекуваат Бото(Boto) делфини. Тие живет во реката Амазон и се речни делфини. Овие розови делфини како и сите делфини се многу мирни и паметни. Долги се околу 2.7 метри, тешки 136.1 кг и со тоа се најголемите делфини на светот. Имаат долги носеви и мали очи. За разлика од другите делфини тие можат да ја вртат главата за 180 степени и тоа им овозможува подобро да пливаат во водата и да ловат.

amazon_river_dolphin

Нивната исхрана главно се состои од краби и мали риби.  Поради матноста на водата во реката Амазон тие повеќе се ослонуваат на ехо (еcholocation), односно ја осознаваат околината по звук.

pink-dolphin

Овие делфини ги има во различни нијанси на розова боја. Тоа зависи од матноста на водата. Ако водата е поматна тогаш кожата на делфините е порозова, затоа што сонцето ги намалува розовите пигменти на кожата. Многу интерсен факт е и тоа дека кога се возбудуваат добиваат посветла розова боја.

Розовите делфини раѓаат по едно младенче, окоулу 75 см. долго. Мајката и младенчето покажуваат многу голема поврзаност. Женките  произведуваат млеко една година после раѓањето.

Овие делфини имаат многу малку природни предатори, но може да се случи и да станат плен на јагуарите, кајманите и анакондите.

 

Клучни зборчиња: , ,