Да дознаеме повеќе за кампувањето

Ноќевање надвор од домче.
Спиење под ѕвездите.
Воздушно легло, полско креветче, шатор … или само картон над земја.
Можеби изнајмување на планинска куќичка. Твој избор.
Од луксузна куќичка во планините или соба од хотелите, до мало расчистување во близина на една ливада со поток, само со ранец, идејата за “кампување” секогаш е малку поинаква за секој човек.
Што е кампување?
Кампувањето е рекреативна активност која се изведува на отворено, далеку од градовите во јадрото на природата. За да се смета за “кампување” потребно е минимум една ноќ да се помине на отворено. Класичното кампување се изведува во шатори во дирктен допир со природата, помината ноќ под ѕвездите, со цел децата и возрасните да се тргнат од градската врева и топлина.
Кој е Томас Хирам Холдинг?
Томас Хирам Холдинг, британски патувач, бил првиот автор кој во својот „Прирачник за кампување“ во 1908 година ги опишал основите на кампувањето и со тоа се смета за татко на рекреативното кампување.
Кога станува популарно рекреативното кампување?
Кампувањето како рекреативна активност станува популарно меѓу елитите во почетокот на 20 век. Тоа е клучен дел од многу младински организации ширум светот, како што се извидниците, кои го користат за стекнување на самодоверба и тимска работа како кај децата така и кај возрасните.
Што може да се прави за време на кампувањето?
Кампувањето може да биде комбинирано со други авантуристички активности, како што се планинарење, риболов, рафтинг на диви води и кајакарство, давајќи едно од најдобрите искуства на отворено. Тоа може да биде индивидуална потрага, но често се прави во друштво на пријатели или со семејството. Тоа е забава што може да ја уживаат младите и старите…