Уникатна честитка за 8 Март!

2017-03-05

Потребни материјали:

 

  • Лист бел А4 (200г);
  • Ножици;
  • Молив;
  • Волница;
  • Игла;
  • Топчиња од волница (пом пом);
  • Лепак.

  1. Превиткајте го листот на половина. Од предната страна нацртајте цвет и со помош на иглата направете дупчиња по краевите на цветот. Потоа на иглата ставете ја волницата и почнете да ја протнувате низ дупчињата.

  1. Кога ќе ви заврши волницата продолжете да го правите истото со друга боја се така додека не ги пополните сите дупчиња.

  1. Во средина на цветот ставете лепак и залепете го топчето од волница.

Уживајте во креативноста!

Клучни зборчиња: , ,