Театар на сенки!
2017-02-20

Потребни материјали:
- Картон;
- Ножици;
- Лепак;
- Прозрачна мрсна хартија;
- Црн фломастер;
- Црн хамер;
- Бела боица;
- Стапчиња.
- Од картонот направите рамка, а потоа залепете ја прозрачната мрсна хартија.
- Исечете три дела кои ќе ги искористите за украсување на рамката и со фломастер нацртајте украсни линии. Потоа внимателно залепете ги на рамката.
- На црниот хамер со бела боица нацртајте карактери или предмети кои ќе ги користите во претставата, а потоа залепете ги на стапче. Уживајте во играта!