Слатки велигденски зајчиња од волница
2017-04-09
Потребни материјали:
- волница (сива, бела или крем боја);
- ножици;
- картончиња;
- лепило;
- филц;
- монистри црни;
- монистра розева;
- бела мала туфка;
- рибарски конец.
- Најпрво направете две туфки од волница една поголема и една помала. На едно картонче во вид на полукруг намотајте ја волницата и потоа заврзете од едната страна,а од другата страна пресечете. На друго помало картонче повторете го истиот процес и направете помала туфка.
2. Обликувајте ги туфките со помош на ножички. Потоа заврзете ги една со друга како на сликата.
3. Потоа исечете уши од филцот како на сликата и залепете ги на главата на зајчето.
4. Залепете го опавчето – белата мала пуфка на зајачето.
5. За очи зашијте две мали монистри. За носе земете розева монистра и протнете низ неа неколку пати рибарски конец за да ги направите мустаќите на зајчето.
Направете неколку вакви слатки зајчиња и уживајте во играта.