Прекрасни пеперутки од волница!

2017-02-26

Потребни материјали:

 

  • шпатули (стандардна големина) по 2 за една пеперутка;
  • декоративни жици;
  • волница (во различни бои);
  • мунистри ( 2 мали и 1 голема за главата на пеперутката).

Најпрво поставете ги двете шпатули во позиција X како на сликата и започнете да мотате со волницата на средината на шпатулите се додека не се зацврстат. Пресечете ја волницата и затегнете.

Во продолжение на шпатулите почнете да мотате волница прво од едната страна (може и во друга боја) па и од другата страна. Мотајте ја волницата како бројот 8 и менувајте ги боите колку што сакате да ви биде шарена пеперутката.

Кога ќе стигнете до крајот на шпатулите заврзете чвор како на сликата.

За крај превиткајте ја декоративната жица на средината на шпатулите за да го направите телото на пеперутката. Ставете две помали мунистри на долниот дел од телото и големата мунистра ставете ја како глава на пеперутката.

Направете повеќе вакви пеперутки во различни бои и забавувајте се!

Клучни зборчиња: , ,