Пилиња како корпи за велигденски јајца
2017-04-09
Потребни материјали:
- кутија од јајца;
- четка за бои и жолта темперна боја;
- црн фломастер;
- хартија, портокалова и жолта;
- салотејп или креп трака;
- лепило;
- ножици.
- Исечете две корпи од кутијата за јајца.
2. Исечете ги и потоа залепете ги една со друга со креп трака или салотејп како на сликата.
3. Потоа обојте ги со жолта боја и одвнатре и однадвор.
4. Исечете два триаголници како на сликата за да го направите клунот на пилето. Пото исечете исто два триоаголници за да ги направите крилата на пилето.
5. За да го направите клунот, залепете еден триаголник на долната и еден триаголник на горната корпа. А крилата залепете ги на долната корпа од страна како на сликата. Нацртајте ги очите со црниот фломастер.
4. За крај од портокаловата хартија исечете ги нозете на пилето и залепете ги на долниот дел од корпата.
Наполнете ја корпата со бомбони или со велигденско јајце. Уживајте!