Новогодишни санки од шпатули
2017-01-09
Потребни материјали:
- 2 парчиња шпатули со регуларна големина и 5 парчиња шпатули со помала големина;
- лепак за дрво;
- темперни бои;
- коноп;
- декорации(ѕвончиња, гранчиња од елка…).
Залепете ги четирите помали шпатули една со друга наредени една подоле една погоре како на сликата. Потоа обојте ги со темперна боја по желба.
Обојте ги двете поголеми шпатули со различна боја и залепете ги на помалите шпатули како на сликата.
Залепете ја останатата помала шпатула како на сликата и на неа заврзете врвчиња коноп. Декорирајте по желба и закачете ја на елката или ставете ја да ја краси вашата соба.