Новогодишни печати од компир

2016-12-18

Потребни материјали:

 

  • компири;
  • нож (за возрасни);
  • темперни бои;
  • четка за боење;
  • лист хартија или честитка;
  • светки;
  • врвчиња(светкави);
  • лепило.

Одберете компири со големина колку еден лампион. Започнете со сечење на компирите на пола. Потоа издлабете линии  или форми кои ви се допаѓаат и обојте ги со новогодишни бои.

Земете лист хартија и испечатете ги лампионите. Направете неколку дизајни на лампиони за да изгледа поинтересно.

Залепете ги врвчињата на листот и посипете светки на лампионите.

Со овие новогодишни печати украсете ги новогодишните честитки и испратете ги на најблиските.

Клучни зборчиња: , ,