Неверојатни беџови машни од макарони
2016-11-15

Дали сте знаеле дека можете да направите беџови од макарoни? Овие беџови се наменети и за момчиња и за девојчиња. Поради употребата на безопасни игли потребен е надзор од родител.
Потребни материјали:
- макарони во облик на машни;
- безопасни игли;
- лепило;
- водени бои;
- фломастери (сребрен и златен).
Обојте ги макароните машни во бои по желба и потоа декорирајте со златен и сребрен фломастер.
Залепете ги машните на безопасните игли.
Сега можете да ги закачите овие беџови-машни и да уживате во вашиот модерен изглед.