Неверојатен костим полжав за маскенбал!
2017-03-27
Потребни материјали:
- кафеава хартија (пакпапир);
- кант трака;
- ножици;
- ленти;
- венче;
- топчиња од стиропор.
Најпрво направете ја школката на полжавот. Исечете парче од хартијата, згужвајте го и почнете да го виткате како на сликата.
Крајот на хартијата залепете го со кант трака и почнете да виткате во вид на полжав.
Кога ќе го свиткате полжавот залепете го крајот за да не се одмота.
Направете уште еден ист ваков полжав и залепете ги еден со друг. Од едната страна ставете парче картон и на него закачете ги лентите како на сликата. За да ги направите очите на полжавот свиткајте две парчиња хартија, на едниот крај залепете топчиња од стиропор кои претходно сте ги обоиле, а на другиот крај залепете ја со венчето.
Така го добивте најинтересниот костим полжав за овој маскенбал. Уживајте!