Научен експеримент – светкави украси од восок

2017-03-11

Потребни материјали:

 

  • свеќа;
  • тегла со вода;
  • светки во прав;
  • запалка;
  • крпа.

Истурете ги свеките во водата. Тие ќе останат на површината на водата затоа што се полесни од неа. Потоа запалете ја свеќата и држете ја над теглата за воскот кој се топи да паѓа во водата.

За да се направи украс потребно е многу капки од восок да се состават заедно.

Од кога ќе се спојат повеќе капки од восок, затворете ја теглата со капаче и протресете. Извадете ги украсите со помош на вилушка и ставете ги на сува крпа да се исушат. Овие прекрасни украси може да ги закачите како привезок на ланче или како украс во вашата соба.

Клучни зборчиња: , ,