Научен експеримент – Лава лампа

2017-03-11

Потребни материјали:

 

  • шише (стаклено или пластично);
  • инка;
  • зејтин (сончогледов);
  • бои (темпрени).

Наполнете го шишето до половина со вода со помош на инка. Потоа дополнете го шишето со зејтин.

Набљудувајте што се случува. Ќе приметите дека зејтинот кој го ставивте се задржува во горниот дел од шишето, а водата останува доле. Тоа е затоа што зејтинот е полесен од водата и тие две течности не се мешаат. Потоа ставете боја по желба.

Бојата ќе се пробие низ зејтинот, ќе се симне до водата и ќе ја обои. За да го добиете ефектот на лава лампа протресете го шишето. Уживајте во експериментот!