Направи сам – Музички инструмент Кастањети

Потребни материјали:
- картон;
- 2 метални капачиња од тегли;
- 2 метални капачиња од шишиња;
- хартија во боја;
- лепило;
- ножици.
Направете рачни кастањети со капачиња од тегли и кастањети за прсти со капачиња од шишиња.
Исечете дел од картонот со големина на капачињата од тегли и преклопете го на половина како на сликата. Потоа залепете од внатре од хартијата во боја, можете и да декорирате во боите на Шпанија.
На крај залепете ги капачињата едното на едната страна, другото на другата страна како на сликата.
Истото повторете го и со малите капачиња од шишиња.
Што се кастањети?
Кастањети се ударни инструменти кои се поврзани првенствено со шпанскиот фолклор меѓутоа ги користеле и по медитеранските простори. Тие претставуваат всушност две дрвени школки поврзани со јаже. Дрвените школки се прават од дрвото костен. Звукот кој што го испуштаат е сув и остар и доаѓа од удирањето на двете школки.