Направи сам – Кукли од волница!

2017-02-13

Потребни материјали:

 

  • волница;
  • картон;
  • ножици.

Најпрво намотајте волница на картончето. Картонот треба да биде со големина колку што сакате да ви биде голема куклата.

Намотајте го околу 20-30 пати и извадете ја волницата од картонот.

Пресечете го кругот од волница.

За да ја направите главата на куклата превиткајте ја волницата на половина и заврзете ја главата со парче волница како на сликата.

Откако ќе ја направите главата поделете ја волницата на три дела. Средниот дел е телото, а другите два дела се рацете. На средниот дел заврзете го на две места како на сликата.

Рацете направете ги како плетенки и заврзете на краевите со волница. Ако сакате нозе, поделете го средниот дел на два дела и направете исто така плетенки.

Клучни зборчиња: ,