Направи сам – Калеидоскоп

2017-01-23

Потребни материјали:

 

  • кујнска ролна;
  • бела хартија;
  • картон;
  • фолија;
  • тенка, прозирна пластика (пластично пакување);
  • шарени монистри;
  • лепило;
  • ножици;
  • фломастери или украсни ленти.

Најпрво исечете три кругови од тенката пластика со големина колку отворот на кујнската ролна.

Потоа ставете лепило на крајот од кујнската ролна и залепете еден круг од пластика. Потоа ставете ги шарените мунистри и поклопете ги со уште еден круг од тенката пластика.

Исечете ленти од картон со висина колку кујнската ролна, обложете ги со фолија од двете страни и залепете ги во триаголник. Потоа ставете го внатре во кујнската ролна. Овој триаголник всушност ќе го направи ефектот на калеидоскоп.

Залепете го и третиот круг од пластика на крајот од ролната. На крај залепете ја белата хартија околу ролната и декорирајте.

Што е калеидоскоп?

Калеидоскоп е оптичка справа со форма на цевче во чија внатрешност се поставени две или повеќе чифта рамни огледала и парчиња разнобојно стакло кои при вртењето на цевката се огледуваат во огледалата како многубројни симетрични фигури. Калеидоскопот бил измислен од страна на Давид Брустер во 1816, кои и му го дал името според следниве грчки зборови калос убав, еидос облик, скопео гледа.

Клучни зборчиња: , ,