Направи сам – Домашни креди!
2017-03-19

Потребни материјали:
- Темперни во различни бои
- Гипс
- Вода
- Садови за мешање на боите и гипсот
- Туби од картон
- Мрсна хартија
- Хартиен селотеип
- Ножици
- Исечете ја секоја тубичка во зависност од големината на кредата која сакате да ја добиете. (можете да ја исечете на 15 см) Исечете ја мрсната хартија со иста димензија како тубата и ставете ја во внатрешноста на тубата од картон, а подтоа едниот крај залепете го со хартиен селотеип.
- Во садовите ставете цела туба темперна боја, една половина чаша вода и три четвртини од чашата гипс. Целата смеса измешајте ја убаво а потоа со помош на инка направена од ќеса ставете ја добиената смеса во тубата од хартија. Тоа повторете го и со другите бои.
- Сите туби од хартија оставете ги на собна температура околу 12 часа. Потоа исечете го картонои и мрсната хартија и извадете ја кредата. Уживајте!