Направи сам – Домашен пластелин!
2017-03-19

Играњето со пластелин на децата им помага да ја развијат фината моторика а воедно ја развиваат и својата имагинација. Наместо да купувате готов пластелин обидете се да го направите дома, заедно со вашето дете, забавно е!
Потребен материјал:
- 1 чаша брашно
- 1 чаша млака вода
- 2 лажички масло за готвење
- Бои за готвење едно пакетче (од секоја боја)
- 2 лажички сол
- Измешајте ги сите состојки во длабок сад.
- Почнете со мешање за да се соединат смесите. Доколку тестото в се лепи за рацете додадете повеќе брашно.
- Извадете го тестото од садот и продолжете со месење. Ако тестото ви се лепи за рацете повторно додавате по маку брашно и продолжувате со месење се доедека тестото не ви изезе како на сликата.
- Потоа повторете ја истата постапка, но во тесото ставете друга боја. Откако ќе направите повеќе бои за да ви остане пластелинот мек можете да ги ставите во пластични садови со капаче. (види слика)
Уживајте заедно со вашите деца!