Направи лампион Снешко од хартија

Потребни материјали:
- бели листови хартија;
- лепило;
- ножици;
- волница;
- портокалови туфки;
- селотејп;
- црн фломастер.
Најпрво на два листа хартија нацртајте го телото на Снешко со помош на селотејп. За главата цртајте со внатрешноста,а за телото со надворешноста на селотејпот и исечете го. Треба да ви излезат две тела на Снешко. На едното тело кај главата залепете ја волницата како на сликата и потоа залепете ги двете тела заедно така што волницата да биде внатре.
Потоа превиткајте неколку листови хартија неколку пати за да ви излезат повеќе кругови одеднаш. Колку повеќе кругови толку поубав ќе биде Снешкото. Нацртајте круг на превитканата хартија со помош на селотејп и исечете ги круговите. Превиткајте ги сите кругови на половина и поделете ги во две групи. Едната група лепете ја на едната страна од телото на Снешко,а другата група на другата страна. Лепете ја секоја половина од круговите една со друга како на сликата.
Ставете му шалче од волница, носе од туфка и нацртајте му очи.