Направете сами опашка од лисица!

2017-03-28

Потребни материјали:

 

  • волница во две бои (бела и портокалова);
  • четка за чешлање;
  • лепило;
  • штипка.

Најпрво направете плетенка како на сликата за да може на неа да ги закачувате деловите од опашката. Почнете од долу, прво направете го белиот дел од опашката. Исечете повеќе парчиња од белата волница со должина од минимум 10 см. Колку повеќе парчиња од волница толку погуста ќе биде опашката. Заврзете ги на средина со подолго парче волница со кое целиот дел ќе го заврзете на плетенката која претходно ја направивте.

Истиот процес повторете го и со портокаловата волница. Правете делови од волница се додека не ја покриете цела плетенка. Одкако ќе ги направите деловите исчеткајте ги со четката за чешлање и заврзете ги на плетенката.

За крај залепете штипка на горниот дел од опашката, облечете сукња од тул и закачете ја опашката.

Нацртајте си бркови и носе и сега вие ја имате најкреативната маска за овој маскенбал. Забавувајте се!

 

 

 

Клучни зборчиња: , , ,