Мини зимски капи од волница – лампиони

2016-12-02

Потребни материјали:

 

  • тоалетна ролна;
  • волница во различни бои;
  • ножици;
  • салфетки.

Најпрво започнете со сечење на тоалетната ролна како на сликата. Потоа исечете парчиња од волницата со иста должина. Завиткајте го секое парче волница околу ролната како на сликата.

proces1-1

Повторувајте го процесот на виткање на волницата се додека не ја обвиткате целата ролна. Од кога ќе ги извиткате сите парчиња волница, протнете го остатокот од волницата навнатре за да излезат од другата страна.

proces1-2

Свиткајте парче од салфетката и ставете го внатре во капата, за да добиете совршен облик. Потоа заврзете го остатокот од волницата и исечете ги краевите.

proces1-3

Доколку сакате да ги закачите на вашата елка, заврзете уште едно парче волница околу врвот на капата како круг. Направете неколку вакви капи лампиони од волница и подарете ги како новогодишен подарок на најблиските.