Магично виножито
2017-03-19
Децата со љубопитство и нетрпение ќе гледаат како примарните бои со нивно мешање во текот на 48 часа ќе создадат секундарни бои.
Потребни материјали:
- 6 мали теглички или стаклени чаши
- Боја за храна (црвена, жолта и сина)
- Хартиени крпи
- Тајмер
- Со вода наполнете ги шесте теглички. Во првата тегличка ставете црвена боја, во втората тегличка жолта боја и во третата сина боја, а потоа ставете по една тегличка со вода помеѓу црвената и жолтата, жолтата и плавата, и плавата и црвената.
- Хартиените крпи замотајте ги во ролна и едниот крај ставете го во тегличката со боја, а другиот крај во теглата во која што има само вода.
- Хартиената крпа ќе почне да впива вода веднаш, но тоа ќе трае 48 часа пред да заврши целиот процес. Поставете тајмер за да дознаете колку време е потребно за да започне мешањето на боите.
- За неколку часа ќе видите како боите создаваат различни нијанси додека не дојдат до секундарните бои.