Лесни и интересни октоподи од хартија
2016-09-07
Потребни материјали:
- листови хартија А4 во различни бои;
- фломастери;
- ножици;
- лепило;
- стикери очи.
Следете ги чекорите како на сликата. Исечете половина од А4 листот, потоа исечете ленти. Нацртајте кругчиња на лентите и уста во средината. Потоа залепете ја едната со другата страна. Извиткајте ги лентите и ќе ги добиете пипците на октоподот.
Залепете ги стикерите очи и вашиот октопод е готов.