Лампион елен од шпатули
2016-11-28

Потребни материјали:
- шпатули(3 за еден лампион);
- црвени туфки;
- водени бои или темперни бои;
- црвена лента;
- лепило.
- За да го направите овој прекрасен лампион најпрво залепете ги шпатулите една со друга како на сликата.
2. Обојте ги шпатулите со кафена боја и почекајте да се исушат.
3. Залепете ја туфката на долниот дел од лампионот да изгледа како носе на еленот.
4. Залепете ги лепливите очи како на сликата.
5. Исечете мал дел од лентата, направете круг и залепете ја на шпатулата, за да може лампионот да се закачува.
6. Закачете го на вашата елка и уживајте во неговата убавина.